Советник/чка - Социјален/на работник/чка
Indexed description
За реализација на активностите од проектот „Право на семејство II“, го прошируваме тимот и отвораме нова позиција за 1 (едно) работно место:
СОВЕТНИК/ЧКА - СОЦИЈАЛЕН/НА РАБОТНИК/ЧКА
📍 Локација: Струмица
📌 Проект: „Право на семејство II“
📅 Рок на аплицирање: 16.09.2026 г.
Доколку сте социјален работник со срце и желба да придонесувате во заедницата, сакате работа која има вистинско значење и во која можете директно да влијаете врз животот на децата и семејствата – ова може да биде вистинската позиција за вас.
Бараме мотивирана и посветена личност која ќе се приклучи на нашиот тим во Струмица и ќе работи директно со семејства во ризик – ќе ги слуша и разбира нивните потреби, ќе им помогне да ги препознаат сопствените ресурси и заедно со нив ќе работи кон подобра и посигурна иднина за нивните деца.
🎯КЛУЧНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Работа со корисници – спроведување интервјуа и проценка на социо-економскиот статус, изработка на социјална анамнеза и еко-мапа за семејствата вклучени во програмата
- Поддршка на семејствата – помош при остварување права и пристап до услуги за семејства во социјален ризик
- Советување – спроведување индивидуални и групни советувања за родителски компетенции, позитивно родителство, комуникациски вештини и семејна функционалност
- Организирани активности – планирање и спроведување заеднички активности за родители и деца
- Институционална соработка – соработка со Центрите за социјална работа, институции и граѓански организации
- Образование - Високо образование од областа на социјална работа
- Регулатива - Познавање на законска регулатива за социјална заштита и семејство
- Искуство - Kреирање и спроведување на обуки
- Стручност - Напредно познавања за детските права
- Јазик и компјутери - Познавање на англиски јазик и работа со MS office
- Мобилност - Возачка дозвола и активно возачко искуство
- Тимски дух и желба за соработка
- Одлични комуникациски и организациски вештини
- Проактивен пристап кон работата
- Емпатија и способност за градење доверба
- Работа во меѓународна хуманитарна организација со јасна мисија и вредности
- Континуирани обуки и можности за професионален и личен развој
- Пријатна работна атмосфера и тимбилдинг активности
- 1 ден во неделата работа од дома
- Работа со чувство на исполнетост, затоа што секој ден правите разлика во животот на некое дете
- Проектна позиција со договор на определено време од 1 година, со можност за продолжување до завршување на проектот (април 2029 година)
🔔Придружете ни се и бидете дел од тимот што прави разлика!
💙 Ниту едно дете не треба да расте само! 💙
⚠️Напомена: Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.
СОС Детскo селo практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади и се подготвени да работат согласно нив. Организацијата, исто така, се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување на родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење.
Create a free Caio profile to unlock more results and save your role and location preferences.
Unlock free search