Rent-a car Representative
Indexed description
- Rent-a car Representative
- Одговорен за изготвување на договорот за изнајмување, проверка на потребните документи за изнајмување на возилото и обезбедување на начинот на плаќање (готовина или кредитна картичка). Врши предавање на возилото на клиентот заедно со целата неопходна документација за непречено користење;
- Се грижи за клиентот во текот на периодот на изнајмување и одржува континуирана комуникација за идни резервации;
- Одговорен за проверка на состојбата на возилото при неговото враќање, вклучувајќи проверка за евентуални оштетувања, изгубени документи и нивото на гориво, како и за наплата на соодветните трошоци;
- Должен е да ги проверува возилата пред и по изнајмувањето и да пријавува какви било промени во однос на нивната претходна состојба;
- Обезбедува секоја резервација да се реализира точно во предвиденото време, со возило што е целосно функционално и подготвено за изнајмување;
- Обезбедува клиентите секогаш да бидат целосно информирани за условите и цените на изнајмувањето, со цел да се спречат евентуални поплаки и недоразбирања поради недостиг на информации.
- Возачка дозвола Б категорија;
- Одлично познавање на англискиот јазик (писмено и усмено); познавањето на дополнителни јазици се смета за предност;
- Изразени комуникациски и меѓучовечки вештини;
- Основни компјутерски вештини за работа со системи за резервации и процесирање на плаќања;
- Завршено средно образование или еквивалент (диплома од областа на туризмот или бизнисот претставува предност);
- Подготвеност за работа во смени, вклучувајќи викенди и празници;
- Прецизност и внимание кон деталите.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: [email protected], со назнака за позицијата за која што аплицираат.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
- Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Create a free Caio profile to unlock more results and save your role and location preferences.
Unlock free search