Insurance Agent
Indexed description
Стани дел од успешна словенечка компанија со 29-годишна традиција на пазарот, која веќе 7 години успешно работи и бележи континуиран раст во Македонија! Основана и предводена од Смилјан Мори — еден од најпознатите мотивациски говорници, бизнис коучиви и експерти за осигурување на Балканот со речиси 30 години искуство во дејноста.
Дали твојот труд и продажни вештини се соодветно наградени на сегашната позиција? Ако си заглавен во систем со фиксна плата каде „максимумот“ е однапред одреден, време е за промена.
Стани дел од успешна приказна каде твојот придонес директно го диктира твојот приход.
Што добиваш со нас?
- Обезбедени потенцијални клиенти (Лидови): Не започнуваш од нула! Добиваш пристап до развиена постоечка база и постојан прилив на свежи, квалификувани лидови за работа.
- Премиум буџет за заработка: Конкурентна фиксна плата + нелимитиран бонус систем за секој склучен договор.
- Флексибилност: Сам ја организираш својата агенда и состаноци.
- Врвна менторска едукација: Комплетна и бесплатна обука за стекнување на лиценца за осигурување, заснована на докажаните продажни системи и долгогодишното искуство на Смилјан Мори.
- Брза кариера: Можност за градење сопствен тим и менторство во рок од 12 месeци.
Твоите одговорности ќе бидат:
- Пронаоѓање на нови клиенти и градење долгорочни релации (со поддршка од нашиот систем за лидови).
- Спроведување на финансиски консултации и презентации на продукти за животно осигурување.
- Грижа и поддршка на постоечкото портфолио на клиенти.
Ти си идеалниот кандидат ако:
- Имаш одлични комуникациски, преговарачки и презентациски вештини.
- Си самомотивиран, организиран и сакаш динамична работа со луѓе.
- Претходно искуство во продажба, банкарство или комерцијала се смета за предност, но не е задолжително.
Сакаш да учиш од најдобрите, да работиш со подготвени лидови и да го дознаеш планот за заработка? Аплицирај директно преку LinkedIn со само еден клик!
Create a free Caio profile to unlock more results and save your role and location preferences.
Unlock free search