Senior Enterprise Account Manager
Indexed description
Седиштето на компанијата е во Загреб, а присутни сме во: Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Белгија.
Бараме искусен и проактивен Senior Enterprise Account Manager кој ќе биде одговорен за развој и управување со портфолио на клучни корпоративни клиенти, градење долгорочни партнерски односи, препознавање нови продажни можности и креирање решенија кои носат додадена вредност за клиентите и компанијата.
Работни активности и обврски:
- Вршење продажни активности кај клучните клиенти (потенцијални и постоечки) користејќи специјализирани технички и продажни вештини;
- Идентификување, развивање и создавање нови продажни можности преку проактивен пристап кон постојните и потенцијалните клиенти;
- Изработка и реализација на годишен план на продажба за клучните клиенти за кои е задолжен;
- Развивање на целокупниот бизнис со цел зголемување на продажбата, профитабилноста и оперативната ефикасност кај постојните и новите клиенти;
- Воспоставување, одржување и развивање долгорочни односи со клучните клиенти, како и континуирано следење и унапредување на нивното задоволство;
- Во соработка со водителите на програми, предлагање и координирање на развој на нови решенија, услуги и процеси кои ги адресираат тековните и идните потреби на клиентите (cross-sell и up-sell активности);
- Континуирано следење на пазарните трендови, потребите на клиентите и активностите на конкуренцијата, како и анализа на нивното влијание врз бизнисот;
- Истражување на пазарот и воспоставување контакти со нови потенцијални клиенти;
- Изработка и презентација на понуди од портфолиото на компанијата;
- Управување со процесите поврзани со тендери и јавни набавки за клиентите од својот портфолио;
- Следење на реализацијата на нарачките и навремено исполнување на договорените обврски;
- Управување со процесите на наплата и следење на навремено подмирување на обврските од страна на клиентите;
- Спроведување постпродажни активности, одржување на позитивни односи со клиентите и препознавање нови деловни можности;
- Организирање и координирање на интерни тимови за реализација на продажни можности и проекти;
- Учество во оптимизација на постоечките и развој на нови деловни процеси;
- Подготовка на редовни извештаи и анализи за продажните резултати и перформанси;
- Пренесување на своето знаење и искуство на колегите;
- Континуирано стручно усовршување и следење на новитетите во ИКТ индустријата.
- Имате завршено ВСС од техничка или економска насока;
- Поседувате минимум 10 години работно искуство на иста или слична позиција во ИКТ индустрија (систем интегратор, ИТ дистрибутер, ИТ производител или телекомуникациски оператор);
- Поседувате возачка дозвола Б категорија;
- Активно го користите англискиот јазик;
- Одлично ги познавате алатките од MS Office пакетот;
- Поседувате развиени комуникациски, преговарачки и презентациски вештини;
- Имате изразени аналитички способности и способност за носење одлуки;
- Поседувате високо ниво на одговорност, организираност и ориентираност кон резултати;
- Имате изразен фокус кон клиентите и градење долгорочни партнерски односи;
- Брзо усвојувате нови знаења и технологии;
- Поседувате комуникативност, проактивност, темелност во пристапот и развиени организациски вештини;
- Предност е доколку поседувате професионални сертификати;
- Предност е доколку располагате со технички pre-sales ICT вештини.
- Колегијалност, одлична работна атмосфера и тимски дух;
- Конкурентен финансиски надоместок;
- Приватно здравствено осигурување;
- Поволности за спорт и спортски активности - кофинансирање на Спорт мастер картичка;
- Поволности за купување на производи кои ги дистрибуира фирмата;
- Професионален и личен развој;
- Можност за сертификација, напредок и надградба на личните компетенции, едукација и посета на конференции;
- Работа на домашни, регионални и интернационални проекти;
- Тим билдинг и редовна тимска дружба со интерактивни работилници;
- Работа во интернационална групација, динамична средина, работа исполнета со нови предизвици и со работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне.
Create a free Caio profile to unlock more results and save your role and location preferences.
Unlock free search