Senior Key Account Manager
Indexed description
Седиштето на компанијата е во Загреб, а присутни сме во: Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Белгија.
Бараме проактивен и стратешки ориентиран Senior Key Account Manager кој ќе има клучна улога во развојот и унапредувањето на односите со корпоративните корисници, препознавањето нови продажни можности и креирањето решенија што одговараат на нивните деловни потреби.
Работни активности и обврски:
- Вршење продажни активности кај клучните клиенти (потенцијални и постоечки) користејќи специјализирани технички и продажни вештини;
- Идентификување и создавање продажни можности;
- Изработка на годишен план на продажба за клучни клиенти за кои е задолжен;
- Развивање на целокупниот бизнис со цел зголемување на продажбата и профитабилноста во работата со постоечките и нови клучни клиенти;
- Во соработка со водителите на програми, вршење активности за континуирано информирање на клучните клиенти;
- Создавање позитивен однос со клучните купувачи за кои е задолжен;
- Континуирано следење на односот понуда-побарувачка, како и активностите на конкурентите;
- Изработка на понуди од портфолиото на компанијата;
- Редовни извештаи за преглед и анализа за перформансите;
- Пренесување на своето знаење на колегите;
- Континуирано едуцирање и усовршување.
- Имате завршено ВСС од техничка или економска насока;
- Минимум 10 години работно искуство на иста или слична позиција во ИЦТ компанија (систем интегратор, ИТ дистрибутер, ИТ производител или Телеком оператор);
- Возачка дозвола Б категорија;
- Активно користење на англиски јазик;
- Развиени комуникациски, преговарачки и презентациски вештини;
- Развиена способност за аналитичко размислување и справување со проблематични ситуации;
- Кaндидатот треба да поседува подготвеност за континуиран развој и високо ниво на одговорност;
- Комуникативност, проактивност, организациски вештини, темелност во пристапот;
- Предност е доколку располагате со професионални сертификати;
- Предност е доколку располагате со технички pre-sales ICT вештини.
- Колегијалност, одлична работна атмосфера и тимски дух;
- Конкурентен финансиски надоместок;
- Приватно здравствено осигурување;
- Поволности за спорт и спортски активности - кофинансирање на Спорт мастер картичка;
- Поволности за купување на производи кои ги дистрибуира фирмата;
- Професионален и личен развој;
- Можност за сертификација, напредок и надградба на личните компетенции, едукација и посета на конференции;
- Работа на домашни, регионални и интернационални проекти;
- Тим билдинг и редовна тимска дружба со интерактивни работилници;
- Работа во интернационална групација, динамична средина, работа исполнета со нови предизвици и со работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне.
Create a free Caio profile to unlock more results and save your role and location preferences.
Unlock free search