Project Manager
Indexed description
Седиштето на компанијата е во Загреб, а присутни сме во: Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Белгија.
Бараме проактивен и стратешки ориентиран Project Manager кој ќе има клучна улога во целокупното управување со проекти - од иницирање и планирање, до извршување и испорака, обезбедувајќи навремена и квалитетна реализација во согласност со бизнис целите, оптимална координација на тимовите и ефективна комуникација со сите релевантни засегнати страни.
Работни активности и обврски:
- Планирање и реализација на сеопфатни проектни планови, вклучувајќи опсег, временски рокови, распределба на ресурси и буџети;
- Контрола и надзор врз имплементацијата на проектот, осигурувајќи дека испораките се завршени на време, во рамките на опсегот и во рамките на буџетот;
- Одговорно лице за контакт со клиентите, обезбедувајќи редовно известување и управување со очекувањата;
- Идентификација и ублажување на потенцијалните ризици на проектот, минимизирајќи ги препреките за непречена реализација на проектот;
- Одговорност и грижа за: квалитетна и навремена испорака на проекти, примена на стандардите за висок квалитет, како и придржување до најдобрите практики за реализација на интеграциски ИТ проекти (ИКТ инфраструктура, сајбер безбедност и/или развој на софтвер);
- Управување и мотивирање проектни тимови, поттикнувајќи на позитивна работна атмосфера;
- Проактивност и константно подобрување на процесите, применувајќи ги најдобрите практики за управување со проекти;
- Следење на напредокот и перформансите на проектот, и по потреба редовно ажурирајќи ги и прилагодувајќи ги плановите и ресурсите;
- Редовно информирање на засегнатите страни за статусот/прогресот на проектот преку креирање јасни и концизни проектни планови и извештаи;
- Одговорност за финансискиот резултат на проектот и управување со сите аспекти на проектот.
- Имате завршено релевантно ВСС;
- Поседувате возачка дозвола Б категорија (активен возач);
- Активно го користите англискиот јазик;
- Имате искуство во управување со интеграциски ИТ проекти најмалку 5 години;
- Имате знаење и систематски пристап кон процесите и методологиите за управување со проектите (agile и waterfall);
- Имате искуство со релевантни алатки и методологии за управување со проекти;
- Имате искуство во идентификација и деловна анализа на проектни барања;
- Имате одлично разбирање на животниот циклус и процесот на реализација на проектите;
- Ги визуелизирате решенија и пристапувате кон решавање на проблеми со креативност и иновативност;
- Се фокусирате на исполнување на потребите и очекувањата на клиентот;
- Добро се снаоѓате во брзо и динамично окружување, лесно прилагодувајќи се на новите промени и приоритети;
- На предизвиците им приоѓате со силни лидерски вештини, водејќи ги проектните тимови до успех;
- Поседувате одлични комуникациски, интерперсонални и лидерски вештини;
- Добри организациски вештини и внимание на детали;
- Проактивност во пристапот кон работата и тенденција за тимска работа;
- Способност за поставување приоритети и самостојно решавање на проблеми;
- Претприемачки начин на размислување;
- Најважното нешто - изразена посветеност кон решавање проблеми, грижа за квалитетот на испораките и задоволството на членовите на вашиот тим.
- Сертификати за управување со проекти (пр. PMP, PMI-ACP, PRINCE2 или други);
- Искуство или познавање на работа со системи за управување со документи и оптимизација на деловни процеси;
- Искуство во работа со релевантни софтверски алатки за управување со проекти (пр. Jira);
- Искуство со идентификација на предизвици со кои се соочуваат клиентите (грижа за клиенти или пред-продажна поддршка);
- Лидерско искуство.
- Колегијалност, одлична работна атмосфера и тимски дух;
- Конкурентен финансиски надоместок;
- Приватно здравствено осигурување;
- Поволности за спорт и спортски активности - кофинансирање на Спорт мастер картичка;
- Поволности за купување на производи кои ги дистрибуира фирмата;
- Професионален и личен развој;
- Можност за сертификација, напредок и надградба на личните компетенции, едукација и посета на конференции;
- Работа на домашни, регионални и интернационални проекти;
- Тим билдинг и редовна тимска дружба со интерактивни работилници;
- Работа во интернационална групација, динамична средина, работа исполнета со нови предизвици и со работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне.
Create a free Caio profile to unlock more results and save your role and location preferences.
Unlock free search